Турски државјанин фатен со лажен пасош, побарал политички азил во Македонија


Турски државјанин вчера побарал политички азил во Република Македонија, откако на влез на аеродромот „Скопје“ е уапсен со фалсификувана патна исправа.

Како што информира МВР, вчера во 10.00 часот на Граничен премин – Аеродром „Скопје“ на влез допатувал А.М. (25) од Република Tурција со турска патна исправа.

По извршена пасошка контрола и проверка констатирано е дека лицето евидира со мерка одземање патна исправа, по барање на Интерпол. По проверка на турската патна исправа и личната карта констатирано е дека се фалсификувани, а во неговиот багаж е пронајдена друга турска лична карта со податоци на име Т.Т.А.(24).

По изготвеното Решение за одбиен влез и при обид да биде качен во авион, лицето побарало политички азил во Република Македонија.