Турската флота не му дозволи на Каменос да посети спорен остров во Егејот

Турската воена морнарица денеска го спречи грчкиот министер за одбрана Панос Каменос во неговиот обид да посети турски острови во Егејско Море.

Националистот Каменост се обидувал да стигне до островчињата Кардак или Имија на грчки, за кои спорат двете држави. Турските патролни бродови упатиле предупредување до бродот на кој бил грчкиот министер да не се приближуваат до островите. Каменос сакал да положи венец на еен од островите, но по турското предупредување се повлекол.