Турската полиција приведе 150 лица поради ширење терористичка пропаганда

Турција има задржано вкупно 150 лица за „ширење терористичка пропаганда” на социјалните медиуми во врска со воената кампања на земјата против курдската милиција во Сирија, јавуваат турски медиуми.

Операцијата на Турција е насочена против Силите за заштита на народот, поддржани од САД, кои пак, за Анкара се терористичка организација и гранка на турската Курдската работничка партија (ПКК).

Политичари, новинари и активисти се меѓу уапсените поради објави на социјалните медиуми, посочува прокурдската Демократска партија на народите, втората најголема опозициска сила во турскиот парламент.

Полицијата извршила операции во 31 округ, 11 осомничени се задржани и ставени во притвор во исчекување на судски процес, а седум беа ослободени, велат полициски извори.

Сослушувањето на останатите 132 лица продолжува.