Трамп: Црногорците може да станат агресивни и ќе бидеме во Трета светска војна

Американскиот претседател Доналд Трамп оцени дека е „многу нефер САД да ги штити членките од НАТО кои не плаќаат“, повторувајќи дека државите треба да ги плаќаат трошоците за нивната заштита.

– Членството во НАТО ги обврзува членките да бранат која било друга членка во случај на напад. Да претпоставиме некој да ја нападне Црна Гора. Зошто мојот син би одел да ја брани Црна Гора?, праша новинарот од Фокс Њуз.

– Разбирам што зборувате, и јас го поставив истото прашање. Црна Гора е мала држава со многу силни луѓе. Тие се многу агресивни луѓе, можат да станат агресивни и тогаш, честитам, ние сме во Трета светска војна. Меѓутоа, тоа е начинот на кој (НАТО) функционира, одговори американскиот претседател.

Тој уште рече дека САД плаќа 90 отсто од трошоците за одбрана на Европа.

– Не само што го плаќаме поголемиот дел, туку тие воопшто не плаќаат, а ние ги штитиме. Додадете го и тоа на своето прашање за Црна Гора, истакна Доналд Трамп.