Трагедија во Неготино: Родителите го нашле починатиот син во тоалет


Дваесет и шестгодишно момче со иницијали М.Т. било пронајдено мртво во тоалетот во сопствената куќа на улицата Васка Калајџиска од Неготино.

Момчето го пронашле родителите.

Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа од Полициската станица Неготино. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.