Трагедија во бурекџилница во Скопје: Паднал по скали и починал

Вчера околу 9:20 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата „Дебарца“ З.П.(54) од Скопје додека пренесувал печка од бурекџилница во подрумска просторија се лизнал по скалите и од здобиените повреди починал на самото место.

Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.