Тотенхем по 28 години го освои „Стемфорд бриџ“


Тотенхем оствари убедлива победа од 1:3 на гостувањето кај Челзи во дербито на 32-то коло во Премиер лигата. Челзи поведе во 30-та минута со голот на Алваро Мората, но гостите успеаа да направат пресврт и  да стигнат до победа. Ериксен во крајот на првиот дел изедначи на 1:1, а во второто полувреме  Деле Али беше двоен стрелец за триумф на гостите од 1:3. Тотенхем на „Стемфорд бриџ“ првпат славеше од 1990 година и по 25 одиграни натпревари. „Петлите“ со 64 поени сега се на четвртата позиција на табелата со дури осум повеќе во однос на петтопласираниот Челзи на седум кола до крајот.