Тинејџер од Радовиш загина во сообраќајка

Деветнаесетгодишно момче од Радовиш утрово загина во сообраќајка која се случила на магистралниот пат Радовиш-Струмица кај клучката Воиславци. Како што дознава МИА, сообраќајката се случила помеѓу патничко возило „голф“, управувано од Кристијан Р. (19) и товарно возило „мерцедес“, управувано од Тодорче Ј. (роден 1959 година). Во незгодата, на самото место починал возачот на „голфот“, додека неговата сопатничка Елена Г., исто така, родена 1998 година, се здобила со повреди, па со возило на итната медицинска помош пренесена е во Здравствениот дом Радовиш. Полицијата направила увид. Утрово од 04:40 минути до 08:40 минути сообраќајот на магистралниот пат се пренасочуваше.