Телото на планинарот Петков донесено во Гевгелија

Телото на починатиот доктор Георге Петков по десeт дена од неговата смрт на Хималаите, денеска беше донесено во Гевгелија. Петков почина на 20 мај во обид да се искачи највисокиот врв во светот Монт Еверест, како член на меѓународната експедиција „Еверест 2018“.

Според информацијата од директорот на Гевгелиската општа болница, доктор Митко Крџев, утре во 12 часот ќе биде одржана комеморативна седница во болницата, а погребот по желба на најблиските ќе се изврши утре попладне во 16 часот на гробиштата во неговото родно Стојаково.