Тврдокорните повторно протестираат

Здружението „Тврдокорни“ вечерва одржа протест против Законот за јазиците пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и пред Собранието на Република Македонија. Учесниците на протестот изразија разочараност од раководствата на двете најголеми македонски партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, за како што рекоа, низата предавства направени во изминатите години.

Според организаторите на протестот, двојазичноста не е само губење на македонскиот карактер на државата, туку и „прикриен тивок, но сигурен културен геноцид врз македонската нација“.

Ана Бобинкова порача дека ќе се борат за интересите на македонскиот народ, државниот суверенитет и националните интереси.

„Тврдокорни“ најавија протест и за утревечер и ги повикаа граѓаните да излезат во поголем број.