Таткото очаен, пријавил дека ќерка му имала сексуален однос на 13 години


Маж од Куманово вчера во Секторот за внатрешни работи Куманово пријавил дека на 29.07.2018 година неговата 13-годишна ќерка го напуштила нивниот дом и заедно со Н.Д. од Штип, со такси возило заминале во Радовиш во куќа кај негов роднина каде имале сексуален однос.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, известен е Јавен обвинител и се работи на целосно расчистување на случајот.