СЈО води истрага за Орце Камчев

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) отворило истрага која се однесува на продажбата на земјиштето спроти „Рамстор“, во центарот на Скопје, а како осомничен се води сопственикот на „Орка холдинг“, Јордан Камчев, пренесе порталот „правосудство мк“.
Според објавените информации, Специјалното јавно обвинителство веќе доставило барања до редовните обвинителства за предавање на веќе отворени предмети, а во кои тие или не постапувале или носеле одлуки со кои само формало констатирале дека во купувањето на земјиштето зад „Рамстор“, во 2007 година, немало ништо незаконски.
Имено, СЈО веќе ги информирала редовните обвинителства дека тие веќе оформирале предмет кој се однесува на продажбата на земјиштето и дека зад продажбата се криел токму бизнисменот Орце Камчев. Целиот текст прочитајте го овде.