Судијата Панчевски префрлен во Одделот за прекршоци

Довчерашниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски е прераспределен во Одделот за прекршоци, објавија медиумите. Одлуката на новоизбраниот претседател на Кривичен, Иван Џолев била соопштена вчера, а во образложението се наведува дека Панчевски имал изразено став и пристрасност кон предметите од Специјалното јавно обвинителство.

Панчевски и Џолев подолг период не се во добри односи. Додека Панчевски беше прв човек на Кривичен, Џолев беше на листата за прераспределување, а меѓусебно и кривично се пријавуваа.