Српското Собрание го избра Синиша Мали за нов министер за финансии

 На предлог на премиерката Ана Брнабиќ српското Собрание денес го избра Синиша Мали за нов министер за финансии.

За него гласаа 154 пратеници, против беа 30.

Мали на местото министер за финансии го замени Душан Вујовиќ кој поднесе оставка од лични причини.

Српската опозиција во собранието негодуваше за изборот на Мали за министер, наведувајќи негови бројни афери, во кои се споменуваа-спорни приватизации, случајот со Савамала, плагијат докторати, 24-те стана во Бугарија, поседувањето на оф шор компании…

Мали претходно беше градоначалник на Белград.