Српското Обвинителство покрена предистражна постапка за убиството на Ивановиќ

Обвинителството за организиран криминал денеска започна предистражна постапка во врска со убиството на претседателот на Граѓанска иницијатива „Слобода, демократија, правда“ Оливер Ивановиќ во Косовска Митровица.

Обвинителство до Министерството за внатрешни работи и Безбедносно-информативната агенција на Република Србија поднесе барање за собирање потребни информации во правец на кривично дело тероризам, се нагласува во соопштението.

Истовремено, во текот на денот, Обвинителството одржа состанок со претставниците на овие органи, се додава во соопштението.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, претходно денеска изјави дека убиството на Оливер Ивановиќ за Србија претставува терористички чин и дека Обвинителство за организиран криминал ќе покрене предистражна постапка и ќе достави барања до другите надлежни органи, МВР, БИА и други.

Тој рече дека на седницата на Советот за национална безбедност договорено е да се испрати писмо до ЕУЛЕКС и УНМИК со барање државните органи на Србија да учествуваат во спроведување истрага на територијата на Косово, затоа што нивното учество би значело откривање на вистината за убиството.