Средба Ципрас – Коѕијас за текот на разговорите за името

Последните случувања во разговорите за името му ги презентирал Никос Коѕијас на Алексис Ципрас, според грчките медиуми, на вчерашната средба во премиерската палата. Министерот за надворешни работи на Грција, го известил грчкиот премиер за текот на преговорите и средбата со Нимиц, а според истите извори Ципрас и Коѕијас се во континуирана и постојана комуникација за координација на следните чекори на владата.

-Се очекува во следниот период да се одреди датум за средба на Никос Коѕијас со Никола Димитров, веројатно во Солун, пишува информативниот портал Њузпост.

Во однос на евентуална средба на шефовите на дипломатиите на двете земји, Никос Коѕијас во вторникот, по средбата со Нимиц рече дека ќе се видат кога Грција ќе ја има подготвена нацрт спогодбата што планира да и ја предложи на Македонија.