Србија ги проверува границите за случаи на „мајмунски сипаници“

Србија воведе засилени контроли на граничните премини поради појавата на случаи на така наречени „мајмунски сипаници“ во земји во Западна Европа, јави Танјуг.

– Го контролираме авионите што доаѓаат од загрозените подрачја. Засега се работи за патници од Нигерија, а ако биде потребно и од соседните земји, изјави Зоран Панајотовиќ од српското Министерство за здравство.

Сите лица што патувале во Нигерија или можеле да бидат во контакт со заболени се проверуваат и нивните резултати се разгледуваат во Институтот за јавно здравје на Србија.