Споменикот на Фрањо Туѓман гаѓан со јајца

Непознато лице го гаѓало со јајца споменикот на Фрањо Туѓман во Загреб во четврток навечер, соопшти хрватската полиција.
Фрлените јајца на споменикот ги забележале полицајци. Ова е трет инцидент со споменикот, откако пред два месеци беше свечено откриен.
Активистот Зоран Ерцег во средата во загрепскиот суд условно беше осуден на 15 дена затвот поради нарушување на јавниот ред и мир на отворањето на споменикот во декември лани.
Загрепската полиција го уапси Филип Драч под сомнение дека во јануари на споменикот со црн спреј нацрта комунистички симбол срп и чекан, заради што кусо време беше во притвор, а против него е поднесена пријава.