Спираки: Нова демократија нема да гласа за ратификација на Договорот од Преспа

Од најголемата грчка опозициска партија, Нова демократија, преку портпаролката Мариа Спираки, на денешниот брифинг со новинарите, уште еднаш го повтори ставот дека ниту во актуелниот, ниту во следниот парламент нема да гласаат позитивно за Договорот од Преспа, кога ќе дојде за ратификација.

– Нова демократија има многу конкретна позиција. Нема да гласаме за ратификација на договорот во сегашниот парламент. Нема да гласаме за ратификација на договорот и во следниот парламент, каде што како што изгледа, ќе бидеме мнозинство, вели портпаролката на Нова демократија и додава дека „сѐ друго се однесува на одговорноста на другите партии“.