Со новите измени на Фејсбук, Цукерберг загуби 3,2 милијарди долари


Цената на акциите на Фејсбук паднаа за 4,5 отсто откако основачот на социјалната мрежа, Марк Цукерберг, објави воведување големи промени во „њузфидот“. Така на Цукерберг, кој поседува 14% од акциите на компанијата, му се намали богатството за 3,2 милијарди долари за само едно деноноќие.

За потсетување, креаторот на Фејсбук претходно соопшти дека планира да воведе промени во платформата насочени кон зајакнување на интерперсоналната комуникација и намалување на јавните содржини. Во соопштението Цукерберг посочи дека измените имаат за цел бројот на публикациите од компании, брендови и медиумите да се намали за сметка на информациите што доаѓаат од семејството и пријателите.

„Со овие промени се надевам дека луѓето ќе почнат да трошат помалку време на Фејсбук… и престојот на мрежата ќе стане повреден и корисен“, заклучи тогаш Цукерберг.