Со мали инциденти заврши протестот во Атина

Со мaли инциденти заврши прoтестoт вo рaмките нa генерaлниoт штрaјк вo Атинa.

Членoви нa oргaнизaции и здруженијa штo не се дел oд двaтa нaјгoлеми грчки синдикaти се oбидoa дa стигнaт дo кaнцелaриите нa Федерaцијaтa нa претпријaтијa на Грција. Oбјектoт беше пoд силнo пoлицискo oбезбедувaње, a групaтa, претежнo млaди лицa, ја нaпaднaa пoлицијaтa кoјa oдгoвoри сo сoлзaвец.

Ситуaцијaтa се смири, а групата се упати кон канцелариите на еден од најголемите грчки синдикати, каде што истури вреќи со ѓубре, но не предизвика дополнителни инциденти.

Освен малиот инцидент, протестот помина мирно со граѓани кои го кренаа нивниот глас против невработеноста, мерките на штедење и прекумерните даноци што воедно беше и мотото под кое синдикатите
го организираа 24-часовниот генерален штрајк.

На некои најважна им е економијата и личната финансиска состојба, на други, пак, „Грција да не го даде името Македонија на Скопје”, како што рече една повозрасна Гркинка во разговор со дописничката на МИА од Атина.

– Ако економски паднеме, повторно ќе станеме и ќе се исправиме, но, Грција да не ја распродадат, ниту името Макединија на Скопје, ниту Тракија на Турците. Сакаме да си ја задржиме Грција. Јас сум стара, имам поминато многу, многупати сме паднале економски, но, сме застанале на нозе. Нашата Грција ни е најважна, вели пензионерката Василики.

Нејзината пријателка, со кој заедно учествуваат во протестот, воопшто не се интересира за името, туку само за финансиската состојба. Кусо вели дека е катастрофа ситуацијата во земјата.

Граѓаните  велат дека не се воопшто оптимисти за иднината на земјата. Сметаат дека Грција сѐ подлабоко тоне во кризата и тоа врз грбот на граѓаните кои во изминатите години биле подложени на кратења на платите и пензиите што достигнале дури и 50 проценти.

И покрај тоа што се на власт, поддршка на синдикатите им дадоа и од СИРИЗА, преку учество во демонстрациите на членови на подмладокот. Танос, кој е вработен и член на подмладокот на партијата, вели дека се надева оти земјата набргу ќе излезе од економската криза.

– Генерално, фактот дека постои економска криза го гледаме на сите нивоа, особено кај пониските социјални слоеви. Но, јас сум оптимист за иднината на земјата. Очекувам набргу да се потпишат и колективни договори, вели Танос.