Сообраќајот кај Мамутчево се одвива наизменично

Сообраќајот на патот Велес – Штип попладнево се одвива наизменично поради сообраќајната несреќа кај село Мамутчево,  соопшти  Автомотосојузот на Македонија.

Сообраќајката се случи денеска попладне околу 13:20 часот на излезот од велешкото село Мамтучево. Се судрија камион и автобус кој превезувал работници од Велес. Повредени се 20 работници.

Сите биле прегледани во  Општа болница Велес. Кај осуммина биле утврдени полесни телесни повреди и тие  се хоспитализирани во болницата. Останатите 20-ина по укажаната медицинска помош во амбулантата на болницата испратени се на домашно лекување.