Собранието продолжи со работа без опозиција


Собранието на Република Македонија ја почна денешната работа со 38. седница и Предлог-законот за изменување и дополнување на семенскиот и саден материјал, во прво читање.

На седницата не се присутни пратениците од опозицијата.

Во Собранието за денеска се закажани уште три седници, на чиј дневен ред се точки од различни сфери.

Од ВМРО-ДПМНЕ најавија дека првата седница на која ќе се вратат ќе биде таа за интерпелацијата на Владата.