Снег го парализира сообраќајот на планинските превои
Поради врнежи од снег, вечерва е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила на планинскиот премин Ѓавато, соопшти Автомотосојузот на Македонија.
И на патниот правец Маврово – Дебар и планинските премини Стража и Пресека има забрана за движење на камиони поради врнежите од снег.