Случај „Шпион“: Разузнавачот Марјан Ефремов излегува од затвор

Разузанавачот Марјан Ефремов, првообвинет во случајот „Шпион“, излегува од затвор, пишува правосудство.мк, повикувајќи се на извори блиски на скопскиот Кривичен суд.

Судот побарал мислење од Специјалното јавно обвинителство, кое деновиве доставило позитивно мислење за прекинување на затворската казна поради наружено здравје на Ефремов.
Кога точно ќе биде ослободен разузнавачот Ефремов засега е тешко да се каже, но се очекува тоа да се случи многу скоро.

Судијата Ѓоко Ристов,  при изрекувањето на првостепената пресуда, на 6 октомври 2014 година, рече дека Ефремов дека бил во контакт со повеќе странски разузнавачки служби.