Случај „Тенк“: На Урко му се расипал видот од старото возило

На денешнтото продолжение на судскиот процес за предметот  „Тенк“, односно за незаконската набавка на службениот „мерцедес“, вреден 600.000 евра, во својоство на сведок се појави Дејан Митревски –Урко, долгогодишен личен телохранител на сега обвинеиот Никола Груевски, пишува правосудство.мк.

Митревски, за кого судот, на минатото рочиште, им наложи на обвинетите и на нивните бранители да го пронајдат за да сведочи, денеска кажа дека старото службено возило со кое го возеле Груевски ималo ветробранско стакло од кое што нему му се расипал видот, а  чувствувал и главоболки. Сведокот рече дека лично тој се јавил кај производителот на возилата и од нив добил одговор дека таквите ветробрански стакла биле надвор од употреба. Сведокот потврди дека се пријавувани дефекти на возилото, а во една ситуација, во Велес, удриле во столпче. Митревски кажа дека тој перманентно го предупредувал Груевски за потенцијалните опасности и ризици, но дека тој одбивал да се набави ново возило.