Словенија ќе ја добие првата жена началник на Генералштаб

Словенечкиот министер за одбрана Карл Ерјавец потврди дека ќе ја предложи генерал-мајор Аленка Ерменц за нов началник на Генералштабот на словенечките вооружени сили.

Аленка Ерменц, која минатата недела беше промовирана во прва жена воен генерал, од утре ќе го замени генерал-мајорот Алан Гедер на чело на Генералштабот.

Гедер на оваа позиција дојде на 22 февруари годинава, а како што е најавено, Ерјавец на денешната седница на Владата ќе предложити на таа позиција да го замени Ерменц. Словенечките медиуми јавуваат дека промената на врвот на генералштабот е очекувана затоа што сегашниот началник бил поставен на тоа место како привремено решение.

Аленка Ерменц дипломирала на Факултетот за општествени науки во Љубљана и на Кралскиот колеџ за воени науки во Лондон, а во 2009 година завршила постдипломски студии на Универзитет во Лондон.

Во словенечките вооружени сили е веќе 27 години. Во март годинава беше назначена за заменик-началник на Генералштабот, што тогаш беше највисока позиција за една жена во армијата на Словенија.