Скопје ја удвојува помошта за настраданите во Грција

Советот на Град Скопје на втората вонредна седница едногласно донесе Одлуката за давање парична помош на настраданите во катастрофалните пожари во Грција. Како израз на солидарност Скопје го удвои првично најавениот износ и одлучи да помогне со парична помош во износ од милион денари и непарична помош, исто така, во износ од милион денари.

„Денеска е тажен ден за нашиот град. Одбележуваме точно 55 години од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје во 1963 година и се совпадна со моментот кога ние треба да возвратиме на хуманоста што нашиот град ја доби од целокупната меѓународна заедница. Според последните податоци што се достапни во овој момент, загинати се 81 лице, а нанесена е огромна материјална штета“, кажа градоначалникот Шилегов.