Скопјанка физички нападната на прославата во Градскиот парк

Непознато машко лице синоќа во 21:10 часот физички ја нападнал В.Џ.(26) од Скопје, која била на прославата во Градскиот парк.

Како што соопшти МВР, нападот се случил додека В.Џ. била со неколку нејзини пријатели, држејќи платно со порака пред бината.

Случајот В.Џ. синоќа во 23:15 часот го пријавила во полиција. Се преземаат мерки за расчитување на случајот.