Скопјанка тешко повредена откако автомобил удрил во ограда на ул.„Даме Груев“
Триесет и едногодишната М.П. е тешко повредена два часа по полноќ откако скопјанецот Љ.К.(34) кој го управувал возилото „Фиат Пунто“ со скопски регистарски ознаки во кое се наоѓала, изгубил контрола и удрил во ограда на улица „Даме Груев“ во Скопје.
Повредената жителка на Скопје е пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде и се констатирани тешки телесни повреди и е задржана на понатамошно лекување. Извршен е увид на местото на настанот.