Скопјанка измамена и ограбена од гатачка која „отстранува“ лошо
Жена од Скопје со намера да си ја дознае судбината и да го отстрани „лошото“, била измамена од гатачка. Јасновидка и кажала дека и е направено нешто лошо и и го земала златото, за наводно да го однесе во црква.
Како што соопшти МВР вчера В.С.(29) пријавила дека истиот ден во 12:40 часот била измамена од страна на непознато женско лице. Откако лицето дошло во нејзиниот двор со намера да и продаде женска гардероба на пријавителката, почнала да и зборува во врска со животот на В.С. дека некој и направил лоши работи и доколку сака истата може да ги отстрани. Откако пријавителката од дома донела разновиден златен накит, непознатата жена го ставила во чинија со вода и потоа и рекла дека ќе мора накитот да го однесе до црква, а потоа ќе и го врати. Непознатата жена го земала накитот и го напуштила местото на настанот и не се вратила.
Од полицијата преземаат мерки за расчистување на случајот.