Скопјанец починал од прострелна рана во главата

Шеесет и двегодишен скопјанец вчера е пронајден мртов со прострелна рана од огнено оружје во главата, соопшти полицијата.

– Во единицата за информации и команда Скопје вчера во 07:26 часот, Љ.П. пријавил дека со прострелна рана од огнено оружје во главата го пронашол неговиот дедо Ж.М. (62) во неговиот дом на ул. „Иван Наумов Алабакот“ во Скопје, стои во полицискиот билтен.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. По наредба на јавен обвинител, над телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.