Скопјанец нападнат од вработен додека чекал да подигне лична карта

Скопјанец пријавил дека бил нападнат од вработен во Управните служби во зградата на МРТ додека чекал да си ја подигне личната карта, соопшти полицијата.

Полицијата соопшти дека вчера во 17:20 часот во Полициска станица „Центар”, Д.М.(38) од Скопје, пријавил дека околу 16:00 часот на улица „Кеј Димитар Влахов” во МРТ – Управни служби, додека чекал за подигнување на лична карта бил физички нападнат од страна на вработен.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.