Скопјанец нападнат во Шутка

На 24.05.2018 година А.Е. (27) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 11,20 часот на крстосницата на ул. „Индира Ганди“ со ул. „Гвадалахара“ во Скопје во моментот кога застанал со своето возило „Цитроен“, во кое бил со семејството и нивен роднината Н.Д. (26), неколку лица почнале со камења да фрлаат кон возилото и го искршиле предното ветробранско стакло и стаклото на предната лева врата. После тоа, лицата го извадиле А.Е. од возилото и физички го нападнале. Во еден момент А.Е. успеал да им побегне, се качил во возилото и побегнал. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.