Синдикат: Мерките на Макрон не се доволни, протест во петок


Генералниот секретар на францускиот синдикат Генерална конфедерација на труд (ЦГТ), Филип Мартинес оцени дека мерките кои претседателот Емануел Макрон вечерва ги најави не се доволни и повика на „мобилизација заедно со жолтите елеци“ во петок на 14 декември.

Макрон вечерва во телевизиско обраќање, меѓу другото, изјави дека ќе ги намали даноците за пензионерите и ќе ја зголеми минималната плата за 100 евра месечно, од јануари 2019, но дека нема повторно да воведе данок за богатите.

Шефот на француската држава по денешните консултации,  во обраќањето до Французите  прогласи „вонредна економска и социјална состојба“.