Кривична пријава против силувачот на малолетничката од „25 Мај“

Тринаесетгодишната ромска девојка мораше да абортира бидејќи забремени по сексуалното малтретирање на кое била изложена како штитеничка на државната институција за згрижување деца „25 Мај“ во Скопје. Европскиот центар за правата на Ромите (ЕЦПР) алармираше за случајот и ги повика надлежните власти веднаш да реагираат и на оваа девојка да ѝ обезбедат соодветна медицинска грижа за да се осигурат нејзиното психолошко и физичко здравје и безбедноста, како и да се врати во нејзиното ромско семејство од кое била принудно одземена во 2012 година поради сиромаштија.

Полицијата во Велес поднесе кривична пријава против момче од градот поради полов напад врз 13-годишната малолетничка, штитеник на јавната установа за деца со социјални проблеми „25 Мај“, за која медиумите објавија дека била силувана и забременила.

СВР Велес соопшти дека до надлежното Основно јавно обвинителство во градот поднесе кривична пријава против 18-годишниот Е.Х поради сомнение за сторено кривично дело „полов напад врз дете“.

МВР во петокот соопшти дека на 13 ноември минатата година околу од ЈЗУ Општа Болница – Детско одделение Велес ја информирале велешката полиција дека кај нив била донесена малолетничката во безсознание.

Наредниот ден по барање на МВР, ОЈО издало писмена наредба за вршење преглед на детето во Судска медицина – Скопје. Врз основа на наодот од извршениот преглед, документирана е кривична пријава против Е.Х. за полов напад врз дете. Осомничениот во рамки на документирањето на случајот го признал делото и потврди дека имал полов однос со малолетничката.

Директорот на „25 Мај“ Стевчо Соколовски поднесе оставка од морални причини, а МТСП истакна дека очекува МВР и ОЈО да преземат мерки согласно нивната надлежност, со цел да се пронајдат и санкционираат лицата коишто ја злоупотребувале малолетната жртва. МТСП минатата недела истакна дека најверојатно станува збор за сексуална експлоатација од надворешни лица или трговија со луѓе