Силна експлозија го потресе Елбасан

Во албанскиот град Елбасан утрово се случи силна експлозија, а како што пренесуваат локалните медиуми, најверојатно ја предизвикале жителите на населбата 5 мај.
Полицијата се сомнева дека тие фрлиле и запалиле плински боци.
Експлозијата се случила во близина на недовршен стан кој го користеле група луѓе како магацин за дрога.
Истрагата се уште нема потврдено како дошло до експлозијата.

На лице место се полицајци и пожарникари.
Нема информација дека во експлозијата има повредени.