Силва: Играјќи со Роналдо се пронаоѓам во националниот тим


Португалскиот репрезентативец Андре Силва изјави дека Кристијано Роналдо е вистински предводник на тимот и дека покрај него е чест да се игра.

– Кристијано Роналдо е нашиот капитен. Играјќи со него, се наоѓам на вистинското место. Истото може да се каже и за него – секогаш е во зоната на видливост. Ние се обидуваме да дејствуваме тимски. Чест е да се игра веднаш до него. Тој е најдобар играч на светот, смета Силва.

Во првото коло од Мундијалот, Португалија во Сочи одигра нерешено со Шпанија 3:3. Трите гола за Португалците ги постигна Кристиано Роналдо, додека Андреа Силва се појави на теренот само во 80-тата минута, заменувајќи го Гонзало Гедеш.

Следното коло, Португалија на 20 јуни во Москва ќе игра со тимот на Мароко.