Се урна хеликоптер во Република Српска

Во местото Равница, на подрачјето на општина Братунац, денеска се урна хеликоптер, но деталите за несреќата се уште не се познати.

Хеликоптерот се урнал околу 12 часот и 30 минути.

Од Министерството за внатрешни работи на Република Српска потврдија дека добиле дојава за уривање на хеликоптер и оти се уште ја проверуваат информацијата.