Се удави момче во Охридското Езеро


Машко лице денеска се удави во Охридското Езеро. Несреќата се случила околу 13:30 и 14 часот во близина на поранешниот хотел „Магнус“ во населбата Далјан. Се уште не е утврден идентитетот на момчето, изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

– Пред некое време заврши увидот на местото на настанот во присуство на јавен обвинител и крим техника при СРВ Охрид, изјави Димоски и најави повеќе информации за утрешниот ден.

Според првични инфорамции, момчето било на педалинка, скокнало од неа во водата по што не се појавило на површината. Потоа почнала потрага по него, била известена езерската полиција која пристигнала на местото на настанот за четири минути и го нашле безживотното машко тело.