Се расветлува случајот во Долно Бањица: Зет го застрелал таткото на сопругата

Полицијата трага по лицето кое е осомничено дека вчера претпладне го застрелал А.У. (54) од селото Горна Бањица, гостиварско.

Ранетиот вчера околу 10:40 часот бил донесен во гостиварскиот ургентен центар каде бил згрижен и како итен случај пренесен на скопските клиники. Таму, врз него е извршена операција и се наоѓа во стабилна состојба.

Според првичните наоди од увидот на Јавен обвинител и екипа на СВР Тетово во сé уште непознати околности дошло до ранување со огнено оружје на А.У. пред неговиот дом. За застрелувањето е осомничен Б.С. (33) од Горно Седларце, тетовско кој му е зет за ќерка и претпладнето бил дојден во Бањица.

Од ОЈО Гостивар доцна синоќа информираа дека дежурен јавен обвинител извршил увид на местото по што се издадени наредби за собирање на траги од местото на настанот, скицирање и фотографирање и наредба за трагање по осомничениот.

Од СВР Тетово потврдија дека по пријавувањето на настанот работат на расветлување на околностите кои довеле до ранувањето и интензивно трагаат по осомничениот.