Се прислушувале ли новинари во редакциите на МПМ ?

Сомнежите дека новинарите, но и другите вработени во Медиа Принт Македонија, биле прислушувани стануваат сѐ поизвесни. На ваков заклучок наведуваат најновите сознанија до кои дојде правосудство.мк, а по неодамнешната објава дека „Телеком“, во МПМ инсталирал телкомуникациска опрема вредна 5.813.674 или 94.531 евро.

Најновите сознанија до кои дошол порталот говорат дека, освен опрема, до централата на фирмата, но и до редакциите на сега веќе згаснатите весници „Утрински весник“, „Вест“ и „Дневник“ биле спроведени оптички влакна кои влијаат на засилување на телекомуникациските можности, односно дозволуваат доволно „силина“ за да може и да се прислушуваат мобилните телефони на вработените.

Од досегашното истражување, правосудство.мк успеа да дојде до констатации дека дополнителни оптички влакна биле изведувани и за самите редакции. Така, само за „Утрински весник“ биле изведени нови четири оптички влакна и 1.250 метри поединечно и 5.000 метри вкупно растојание. Редакцијата на „Утрински весник“ била засилена со четири оптички влакна уште во времето кога редакцијата беше сместена во просториите на „Технометал“, со тоа што биле изведени 785 , односно и 3.140 метри. За весникот „Вест“ биле обезбедени дополнителни шест оптички влакна, а единечното раастојание било со должина од 1.448 метри, додека вкупното растојание било речеси девет километри, односно 8.688 метри. И „Дневник“, како и во случајот со „Утрински весник“, со дополнително оптички влакна бил засилуван во два наврата.