Се качувала на автобус, завршила в болница

Вчера утрото во 10,15 часот на автобуска станица на улица „Ѓорче Петров“, при качување во автобус на Јавното сообраќајно претпријатие, кој тргнувал, со повреди се здобила патничката Р.Т.(63) од Скопје. Таа била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје каде и била укажана лекарска помош и и биле констатирани тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.

Во билтенот, МВР информира и дека синоќа во 20,05 часот во Скопје на улица „Македонија“ во стан сопственост на Д.А. (91), настанал пожар, во кој е зафатена спалната соба и причинета е материјална штета, а повредени лица нема. Интервенирале пожарникарите и во 22,30 часот пожарот е целосно изгаснат.

Вчера во 17,30  часот на граничниот премин на Скопскиот аеродром, на излез од Македонија, при пасошка контрола и извршена проверка било констатирано дека Л.Г.(21) од Република Албанија, кој поседувал албанска патна исправа, нема евидентиран влез во Република Македонија. Лицето е задржано за понатамошна постапка. Вчера вечерта, во 23,40 часот на граничен премин Аеродром „Скопје“ извршена е екстрадиција на Е.К.(41).