Седумдесет и шест годишна кавадарчанка пронајдена почината во нејзиниот стан

Седумдесет и шестгодишната Ц.Т. (76) вчера е пронајдена почината во нејзиниот стан во Кавадарци.

Како што соопшти МВР, вчера во 10 часот во Полициската станица Кавадарци, од страна на Итната медицинска помош при Јавната здравствена установа „Здравствен Дом“-Кавадарци било пријавено дека биле повикани на улицата „Едвард Кардељ“, каде во нејзиниот стан ја пронашле почината жена.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Кавадарци.

По наредба на Јавен обвинител над телото на починатата ќе се изврши обдукција.