СДСМ: Нарачаната лажна анкета од Божиновски за храбрење на ВМРО-ДПМНЕ


Од владејачката партија СДСМ велат дека е лажна и нарачана анкетата на Институтот за политички истражувања која покажува предност во рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ.
„Нарачаната лажна анкета на Институтот за политички истражувања го потврдува стравот на ВМРО-ДПМНЕ од решителноста на граѓаните да изберат светла иднина наместо темно минато.
Овој институт е добро познат за јавноста кога во минатото објавуваше нарачани анкети со предност на ВМРО-ДПМНЕ од 3:1, секогаш кога на Никола Груевски тоа му беше потребно, што потоа беше демантирано од граѓаните на избори.
Медиумите веќе објавија дека токму овој институт склучувал договори со државни институии во време на режимот на ВМРО-ДПМНЕ, како Агенцијата за вработување, Министерството за здравство и тн.
Сите релеванти истражувања на јавното мислење потврдуваат дека СДСМ има многу поголем рејтинг од ВМРО ДПМНЕ. Мнозинството граѓани се за напредок, за иднина, за патот по кој чекори Македонија кон полноправно членство во НАТО и ЕУ“, се вели во соопштението од СДСМ.