СВР-Битола со зголемена ефикасност во борбата против криминалот
СВР-Битола информира дека во текот на првото тромесечие од 2018 година, констатирана е поволна состојба во делот на вкупните кривични дела, зголемена реализација во однос на предходната година и намален број на пријавени кривични дела.
Зголемената ефикасност на нашето работење резултира со зголемена реализација во борбата против криминалот, се посочува во јавното соопштение на СВР-Битола испратено до средствата за јавно информирање.
Во првото тромесечие за 2018 година регистрирани се вкупно 712 кривични дела, за разлика од првото тромесечие во 2017 година кога вкупниот број на кривични дела изнесувал 822 што значи намалување за 13 насто.
Од СВР-Битола потврдуваатдека вкупниот број на поднесени кривични пријави во првото тромесечие од оваа година изнесува 335 за разлика од минатата година каде бројот на поднесени кривични пријави бил 291, што значи зголемена ефикасност за 15 проценти.
Според статистиката на СВР-Битола, 36 кривични дела се од економски криминал, за кои споредено соминатата година се зголемени за 100 насто, а за 82 насто е зголемена и ефикасноста од ресгистрираните и поднесени пријави за кривични дела од недозволена трговија.Во првото тримесечие пронајдена е поголема грамажа на наркотична дрога марихуана како и наркотична дрога хероин.
Во соопштението на СВР-Битола се нагласува дека е забележан тренд на намалување на тешките кражби, посебно во Битола и Прилеп.