Светиниколчанка крадела во маркети

Триесет и тригодишна жителка на Свети Николе е фатена од полицијата откако во ист ден извршила две кражби во маркети во овој град.

Таа вчера околу 15:55 часот во маркет на улицата „Септемврска“ со употреба на сила од вработената одзела околу 5.000 денари, а потоа околу 16 часот во друг маркет на истата улица одзела 6.600 денари по што избегала.

По преземените мерки од страна на полицијата, 33-годишната М.Ј. е фатена и задржана во полициската станица во Свети Николе.