Самоопределување третпат со солзавец го спречи гласањето за демаркацијата

Пратениците од Движењето Самоопрделување со флање солзавец во собраниската сала, попладнево повторно ја прекнаа седницата на косовскиот парламент, на која треба да се гласа за договорот за демаркација на косовско-црногорската граница.

Тоа е третпат како пратениците на Движењето фрлаат солзавец, по што седницата беше прекината.

По првите два инцидента претседателството на Парламентот донесе одлука од салата да бидат отстранети петмина пратеници кои фрлија солзавец, но тие упорно седеа и кога трбаше да продолжи седницата повторно беше фрлен солзавец, по што претседателот на косовското Собрание, Кадри Весели даде пауза.

Весели изјави дека ништо не може да ги поколеба и оти демаркацијата денеска ќе се изгласа.

Во меѓувреме медиумите јавија дека „проблематичните“ пратеници се приведени од полицијата а полициски службеници поставуваат детектори за откривање на експлозивни направи.

Според најавите, се очекува за Договрот да гласаат 42 пратеници на партиите од владината коалиција – Демократската партија на Косово (ПДК), Алијанската за иднината на Косово (ААК), Социјалдемократската иницијатива (НИСМА) и Алијансата за ново Косово (АКР), 27-те претставници на опозицискиот блок на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), десетмина пратеници на малцинските заедници и Адем Хоџа, од Единствената горанаска партија, кој е дел од пратеничката група на Српска листа, чии други пратеници не присуствуваат на седницата. За да биде изгласан договорот за демаркација потребни се 80 гласови од вкупно 120 пратеници.