САД воведоа санкции за петмина Руси меѓу кои и Кадиров


САД воведоа денеска санкции за петмина Руси поради кршење човекови права ставајќи ги на т.н. „Листа Магницки“. Меѓу нив е и претседателот на Чеченија Рамзан Кадиров, близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин

Американското Министерство за финансии соопшти дека тие петмина Руси ги става на листата во согласност со законот Магницки усвоен во 2012 година како одговор на смртта на рускиот адвокат Сергеј Магницки кој почина во затвор откако разоткри шеми за затајување даноци во кои се вмешани руски официјални лица.

Според амандмани објавени на сајтот на Министертвото, санкции се воведени и за Ајуб Катаев, Јулија Мајорова, Андреј Павлов и Алексеј Шешени.