РФМ го казни Куманово со 100.000 денари и суспензии на ракометари
Дисциплинската комисија на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ги изрече казните за инцидентот поради кој беше прекинат натпреварот меѓу Куманово и Спартак од 16. коло на Првата лига.
Натпреварот не се доигра, бидејќи пред самиот крај на сребата судиите беа нападнати од страна на домашните ракометари.
Ракометарот Виктор Петковиќ, како иницијатор на инцидентот, доби двегодишна суспензија, а уште двајца ракометари на Куманово, Дамјан Цветковски и Стефан Кузмановски, ќе отсуствуваат по шест месеци од терените.
Натпреварот е прекинат во 57 минута при резултат 25:28, а Петковиќ прво вербално ги напаѓа судиите Стојанчо Јовановски и Виктор Андонов. Откако му e покажан црвен картон тие се и физички нападнати од истиот играч на кого му се придружуваат и другите домашни ракометари.
РФМ го казни Куманово и со парична казна од 100.000 денари, одземање еден бод и натпреварот е регистриран со службена победа на гостинскиот тим од 0:10.
Судиите поднесоа и приватни тужби за напад.